Off to Milano – Мода директно од улиците на Милано што може да ја примените во вашиот стил

23 јануари 2023

Дури и кога е секојдневна, модата на улиците на Милано е посебна.

Таквиот впечаток ни го потврдува и Инстаграм профилот @OffToMilano, кој е еден субјективен омаж на секојдневната миланска мода интерпретирана преку стилот на Анастасија, стилски консултант и моден и бренд менаџер.

Оваа Италијанка преку личен пример ни прикажува колку едноставниот и одмерен изглед, може да изгледа богато, елегантно и впечатливо, кога ќе се најде балансот меѓу неколку клучни параметри: парчињата што ги носиме да бидат соодветни на нашата фигура, базичниот изглед е секогаш „плодна" основа за надоградување со по некој моќен детаљ и смирените тонови и монохроматските комбинации секогаш одат рака под рака со безвременската елеганција.

Off to Milano, не нуди спектакуларна, туку елегантна мода, која соодветно би се вклопила во сечиј плакар и на улиците во било кој град низ светот и како таква би била совршено своја, а универзална.

Инспирирајте се од пристапот кон деловната естетика, која вклучува лежерни, но сепак кроеви кои го почитуваат бизнис дрес-кодот, па понатаму од дозата женственост која непретенциозно ги разнежнува и наједноставните зимски комбинации со топли ролки и макси капути и забележете колку модните додатоци, како зимскиот шал или дамската чанта му даваат вистински сјај на крајниот изглед.

Објавено:
23 јануари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.563 пати