Мини фустани: Освежување на гардероберот сезонава што следува

5 март 2021

Пролетта носи многу радости со себе. Здодевните најлонски хулахопки и слоевитото облекување се минато, а доаѓа сезоната на фустан и подготвени сте да го освоите светот. Токму таков момент кој долго го очекувавме, а ни беше одземен минатата година се и мини фустаните.

Кратките фустанчиња се враќаат во мода, а не се резервирани само за ноќните излегувања. Пролетва најактуелни ќе бидат мини фустаните со балон ракави и широк крој, кои совршено ќе му прилегаат на времето. Додека за летните денови, резервирани се слип мини фустаните. Погледнете како можете да ги комбинирате за дневни излегувања, па дури и за на работа.

Објавено:
5 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.844 пати