Се поизвесно е дека вело културата ќе зема поширок замав. Во земјите кои важат за еколошки освестени, оддамна е веќе така, а кај нас инцијативата постои, иако условите можат да бидат многу подобри со оглед на преднстите што ги имаме како регион.
Актуелната ситуација уште повеќе ја засилува и потребата и желбата за велосипед како основно превозно средство. Од безбедносен, практичен, финансиски, социјален, здравствен и секој друг можен аспект, неговите предности се клучни во споредба со другите превозни средства на располагање.
А возењето велосипед си повлекува комплетен животен стил. Слободата додека возите... Комункацијата со средината... Погледот и перспективата од велосипед се сосема поинакви. Му припаѓа на урбаното живеење и е култура во која сите имаат еднаков статус.
Еден аспект што нам ни е посебно интересен е модата на велоспед. Тоа не подразбра само спортска опрема (освен во случај кога возите исклучително рекреативно). Но, ако велосипедот е вашиот секојдневен сопатник до работа на пример, тогаш возењето станува и модна авантура.
„Прошетавме" низ улиците на светските метрополи и ви донесовме доза инспирација од тамошната вело мода.
Фото: Пинтерест