Моден евергрин: Како го комбинираме безвременскиот камел капут во 20 есенски аутфити

30 октомври 2020

Овој период од годината, честа слика во уличната мода е безвременскиот елегантен капут во камел нијанса.

Времето и трендовите за ова евергирин модно парче, не се фактори што влијаат на неговата популарност, затоа што неговиот минималистички и универзален дизајн, беспрекорно ја надополнува секоја комбинација и може да најде соодветно место во сечиј стил.

Но, она што може да го трансформираме е начинот на кој ќе го стилизираме камел капутот во нашиот есенски стил.

Затоа, побаравме инспирација и направивме виртуелна тура низ светската улична мода, со цел да ви донесеме свежи идеи како ова култно парче може да добие нова димензија во вашиот имиџ.

Во зависност од приликата и личните погледи, може да го комбинирате и во спортски и во деловни и во елегантни целини.

20 примери следуваат во продолжение...

Објавено:
30 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.280 пати