Моден коктел со принт на лубеница

17 јули 2013

 

Во лето за да се разладиме пиеме свежи цедени сокови и коктели приготвени од различи овошја. Токму свежите летни нијанси со кои се обоени пијалоците, послужија како мотив за создавање на таканаречениот „моден коктел“.

 

 

Последни меѓу трендовите кои ја одбележаа оваа сезона се и принтовите во боите на сончевите зраци. На пример дезен кој е исклучиво модерен и актуелен е дезенот со мотив на лубеница. Не само што се носи на облека, туку стилистите го аплицираат и на ноктите, на марамите, обувките, шнолите и брошевите. Вистински погодок ако сакате да бидете во тон со вашиот омилен коктел пијалак.

 

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Тренд