Актуелни се модните недели и целото внимание на модната јавност е свртено кон нив.
Познатите дами на стилот постојано се во фокусот на фоторепортерите што го пренесуваат амбиентот од модните метрополи, а Оливија Палермо е секогаш меѓу нив.
Во едно од своите појавувања деновие, Оливија Палермо направи комбинација која е актуелна, тренди, а истовремено универзална и во која може да се пронајде секоја дама која преферира елеганција.
Направен е умешен спој на плетена блуза, здолниште во „молив" крој со висок струк и високи чизми, комбинација која одлично функционира токму во овој период од годината.
Побарајте ја вашата омилена плетена блуза и здолниште со висок струк во вашиот плакар, и имате одлична комбинација за викендот пред нас.
И уште неколку идеи плус што ги спојуваат овие парчиња...
Фото: Pinterest