Моден водич: Пролетни фустани со дезени за сечиј вкус

1 февруари 2023

И оваа пролет со нетрпение ги очекуваме живите бои распослани со целиот колорит, каде секако посебно место заземаат фустаните со дезен.

Без разлика дали станува збор за дневна или вечерна прилика фустаните со принт ќе се вклопат во секој аутфит.

Долгите денови и сонцето ќе ја разбудат фантазијата за впечатливи комбинации.

Пролетните фустани со дезен ќе можат да се комбинираат со патики, сандали, ниски чизми или високи потпетици, во зависност од моментот.

Долгите слип фустани се одличен избор за деловни состаноци како и за вечерно излегување. Тука се и пошроките кроеви, за оние кои сакаат полежерна варијанта, дополнети со појас или без него.

Љубителите на животински принт најдорбро е да ги комбинираат своите фустани со едноставни модни детали и неутрални нијанси.

Исто така оваа пролет ќе бидат популарни и точкесите дезени, исто како и цветните, кои што исто така најдобро е да се спојат со неутрални додатоци.

Во комбинациите со пролетни фустани внесете и широки блејзери, заедно со високи патики. Предложуваме бели патики, кои што одлично се слижуваат со впечатливите бои и дезени.

 Фото: Pinterest

Објавено:
1 февруари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.140 пати