Модерни крупни жени

2 ноември 2013

Но сепак на ова прашање не треба да се гледа со скептицизам,  од секогаш постоеле и ќе постојат различни мислења. Најважно од се е индивидуата како се чувствува во сопствената кожа и дали знае да ги истакне позитивните и да ги скрие негативните страни.

Оваа сезона доаѓа до кршење на правилата, а облеката наменета за сите крупни жени и девојки не е ограничена ниту во однос на боите, материјалите, ниту пак во модните додатоци. Ако претходно се нагласуваа потемни и широки парчиња за да се покријат одредени делови од телото, овој пат се истакнува храбрата страна на девојките и жените со истакнати облини.

Покрај облеката, ќе преовладуваат и впечатливите модни додатоци како во однос на накитот, така и за чантите. За оваа есен се препорачуваат ниски чизми до колена и секако нагласени нијанси на шминка.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Тренд