Модна практичност х 2: Пролетен фустан и патики

6 април 2021

Патиките се класично парче во модата. Треба да ги поседува секоја маж, жена и дете, а благодарение на флексибилноста на модата, може да се комбинираат, па да речеме, со сè!

Оваа пролет, комбинирајте ги со фустани. Да, оние најлелеавите, најромантичните, најцветните/точкасти (про)летни фустани, може да ги носите со патики.

Ако сте љубител на минимализмот, одберете едноставен, низок, бел модел на патики па слободно облечете го фустанот на врзување со точки и уживајте во животот.

Вљубениците во јакиот колорит можат да уживаат во трендовското лудило принтови, и истите да ги комбинираат со некој неонски, висок, воздушест, а ла Баленсијага модел на патики.

Небото е граница, а удобноста е мото годинава!

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.753 пати