Модни правила што повеќе не важат

31 август 2016

Животот на секого од нас функционира по некои правила – пишани и непишани. Правила во домот, на работа, во општеството, а оние што внимаваат на добриот изглед се водат и по модни правила.

Колку и да ни се од помош во одредени ситуации, како што се менуваат времињата, така се менуваат и правилата. Или, комплетно се кршат.

Во продолжение одвоивме неколку правила за кои сме сигурни дека денес веќе не важат:

 

1# Пред да излезеш од дома, погледни се во огледало и тргни од себе еден детаљ

Некои овој совет од Коко Шанел сѐ уште го применуваат, што е сосема во ред, но ако гледаме во светски рамки, помалку е повеќе е одамна заменето со повеќе е повеќе.

 

2# Не мешај принтови

Тоа е веќе досадно. Речиси и да не постои колекција што не содржи принтови. Веќе никој не се грижи дали точките одат со риги или цвеќиња. Сѐ оди со сѐ!

 

3# Жените носат само женска облека

Тука само ќе го споменеме трендот на „машките“ фармерки меѓу жените.

 

4# Не мешајте ги сината и црната

Иако ова е едно од најстарите модни правила, сепак низ светските улици често може да се видат токму вакви комбинации. Топ во морнарско сина боја, со црно здолниште со принт? Зошто да не!

 

5# Не покажувај ги прерамките од градникот

Сигурно мајките често ви го говореле ова, но речиси никој веќе не обрнува внимание на ова. Ако ги слушаме модните блогерки, во некои комбинации знае да биде и „кул“.

 

6# Истакнете ја половината

Без разлика што веројатно често добивате совети дека фустанот или туниката подобро изгледаат со ремен, доколку сте од оние што преферираат лежерна и широка облека, не мора да се „стегате“ во секоја смисла на зборот.

 

7# Не носете црна и кафена

Секоја за себе, се комбинираат речиси со сѐ. Зошто да не се комбинираат и меѓусебно? Она што важеше за црната и сината, може да се додаде и тука.

 

8# Не носете риги

Особено хоризонтални, бидејќи тие уште повеќе ги нагласуваат облините. Но, ова правило од минатото е уништено во секој поглед. Првин, ригите се апсолутен хит сезони наназад, а и нагласувањето на облините е еден од најактуелните трендови.

 

9# Мајките треба да се облекуваат скромно

Ако сте мајка не значи дека цел живот треба да носите само панталони и ролка.

 

10# Не мешајте златен накит со сребрен

Правило што модните блогерки посебно не го почитуваат

 

11# Ако си висока, не ти се потребни високи потпетици

Па што ако сте високи? Има толку привлечни чевли со високи потпетици, што едноставно би било штета да не ги носите. Има ли некој што не посакувал да биде висок и виток?

 

12# Следствено: Ниските жени мора да носат високи потпетици!

Не, не мора. Во време кога има прекрасни, тренди балетанки и патики, зошто да се ограничувате само на едно нешто, и тоа само поради висината.

 

13# Широката облека не му „ласка“ на телото

Не, не и не!

 

14# Хеланките се само за во теретана

Ким Кардашијан не се согласува со ова.

 

15# Маиците не се за официјални настани

Ако ги следиме примерите од улична мода, маиците во денешно време се дел од многу деловни комбинации. Всушност, може да се каже дека маицата е новата кошула.

Објавено:
31 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.893 пати