Досега повеќе пати сме пишувале за тоа какви парчиња прилегаат на каков облик на тело. Но, овој пат ви даваме предлози за кои можеби сте сметале дека нема да ви стојат или пак уште повеќе го нагласуваат она што вие сакате да го сокриете. Прочитајте го текстот во продолжение и подгответе се за модни предизвици кои ќе ви измамат насмевка на лицето.
Тип: Јаболко
Предизвик: Жената со градба на тело „јаболка“ всушност поголемиот дел од тежината на телото е сконцентрирана во централниот дел, односно стомакот. Затоа, да се носи облека што го пресекува тој дел од телото и не е баш добар избор. Затоа, обидете се да облечете пенкало-здолништа со висок струк. Исто така, заборавете на ремените и наместо тоа, облечете нешто што има принт особено во критичната област.
Тип: Круша
Предизвик: Со оглед дека задникот, колковите и бедрата се вашата слаба точка, обидете се да ги сокриете и тоа со мини здолниште, но не со било кој крој. Тоа треба да биде во А-крој, за да ги истакне колковите, но да ги сокрие останатите критични делови.
Тип: Долго торзо
Предизвик: Фустан со спуштен струк. Секако не макси, но вистинската должина може да направи чуда за вашето тело. Иако ова ви звучи чудно, бидејќи и така имате изразено торзо, но ваквиот фустан со еден, континуиран принт (без прекршување на шари и менување) ќе ја направи фигурата сразмерна.
Тип: Ботичели
Предизвик: „Полно“ здолниште. Со оглед дека имате покрупна градба, сигурно дека сте внимателни да не носите облека која додава уште повеќе волумен на вашата градба. Веројатно и ова здолниште го сметате за такво, но ова всушност ќе ви помогне. Секако, крутите материјали не се опција, туку оние што лесно паѓаат и кои ќе можат да му дадат убава форма на вашето тело.
Тип: Мали гради
Предизвик: Краток топ. Но, со прерамки. Можете да го коминирате со разни парчиња, а доколку облечете палто, блејзер или наметка одозгора, ќе биде уште подобро, бидејќи ќе делувате уште „пополно“ во горниот дел.
Тип: Кратко торзо
Предизвик: Панталони со висок струк. Но, важно е да се со чиста линија, и во боја. И покрај високиот струк, тие нема да го направат торзото уште пократко, туку ќе го свртат вниманието на вашите нозе, па со тоа никој нема да го забележи вашиот „недостаток“.
Тип: Момчешка градба
Предизвик: Шорц. Но, не обичен, туку повеќедимензионален. Во која смисла? Кога имате момчешка фигура, тоа значи дека колковите, градите и половината ви се речиси во рамна линија. Но, тоа може визуелно да се измени, и тоа со шорцеви, но не обични. Сите оние што имаат принт, парчиња од страна или на било кој начин користејќи материјал, бои, текстури и дезени го зголемува волуменот се одлично решение. Тие можете да ги комбинирате со чизми, сандали, палта или топови, во зависност од тоа во кое годишно време ги носите и можете да ги направите да изгледаат мошне модерно и женски.