Модните икони и беретките: шарм што не бледее

24 ноември 2020

Низ историјата, беретките симболизирале одреден општествен статус, чин, социјална позиција... Ги носеле и европските дами и свештеници и музичари и селани и војници и уметници...

Во моден контекст пак, тие се одраз на шарм што не бледее и се заедничка модна референца во стилот на многу влијателни модни икони, без разлика на кое време и генерација ѝ припаѓале.

Лејди Ди, Одри Хепберн, Коко Шанел, Џејн Фонда, Шерон Стоун, Деми Мур се само дел од иконите на стилот кај кои беретката често била/е визуелен печат на нивниот имиџ.

Модната индустрија низ годините постојано го модифицирала ова модно парче и му обезбедила култен статус што го задржува и до денес, па без исклучок може да го видиме и вво актуелната улична мода.

Во нејзината клише дефиниција, беретката е симбол на францускиот шик, но всушност визуелната моќ на овој моден додаток добива многу пошироки размери што може да се насочат во различен моден контекст.

Како некогаш ги носеле модните икони, а како беретките се носат сега, ѕирнете во фото галеријата.

Фото: Пинтерест

Објавено:
24 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
397 пати
Тагови: 
беретка