Мрежестите чорапи се враќаат на модната сцена

21 септември 2015

Ако ги разгледуваме модните трендови, досега како да бевме опседнати со 1970-тите, а сега сè повеќе се враќаме кон 1990-тите. Она што ни го привлече вниманието се мрежестите чорапи кои многу често можеме да ги видиме не само на писта, туку и во рамки на уличната мода.

Она што Сен Лоран или Проенца Скулер го најавуваа за оваа есен-зима, трендсетерките веќе го прифатија и мрежестите чорапи се сега дел од речиси секоја модна комбинација.

Дел од жените се радуваат на враќањето на овој дел од женската облека, но други и не толку бидејќи ги асоцираат на евтин женски изглед. Токму тоа оди во прилог на фактот дека треба многу да се внимава при комбинирањето на овие хулахопки или чорапи. 

Најдобро изгледаат кога „ѕиркаат“ под искинатиот џинс, или пак само преку глуждот. Не е добар избор кога доминираат со стајлингот.

Без разлика дали ќе ги носите или не оваа сезона, можеме да се согласиме дека се секси.

Ако сте од оние што се радуваат на нивното враќање, во комбинација со кожена јакна и џинс да речеме, ќе бидете комплетно во тренд оваа есен.

Во галеријата погледнете неколку наши предлози што можеби ќе ве инспирираат.

Објавено:
21 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.366 пати
Извор: 
Fashion.hr