Must have: Црн елегантен фустан на преклоп – холивудска класика

24 декември 2020

Во плакарот на секоја жена, неколку парчиња важат за есенцијални и вечна класика, независна од трендовите и сезоните.

Елегантниот црн фустан е фаворит меѓу нив.

Низ историјата на модата, ова парче елеганција останало константа во динамичната промена на тенденциите и затоа неговата вредност е безвременска.

Во својата актуелна линија женствени фустани, модниот бренд Елена Лука го вклучува и атрактивниот црн фустан на преклоп, со беспрекорен дизајн и изразена елеганција.

Изработен од префинет материјал што елегантно ја следи силуетата, со акцент на странично поставениот шлиц, овој модел е совршенство што соодветно може да се прилагоди на стилот нa секоја дама. Додадете му бисерен накит и елегантни високи потпетици и ја добивате идеалната комбинација.

Достапен е во продажба во новиот showroom на Елена Лука во населбата Аеродром, во ателјето во Капиштец, како и на е-продавницата на брендот.

Објавено:
24 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
886 пати