Must have: Тренди сет од сако со флорални везови и шорцеви со карнери

19 јуни 2020

Ако сакате да оставите силен стилски печат, ова е комбинација за вас.

Има некој посебен шарм кога парчињата од „машкиот" гардеробер се адаптираат во функционална женствена облека, па затоа сакото и блејзерот се класика и во женската мода.

Нашиот денешен избор за MUST HAVE е комбинација која вклучува токму сако и тоа уникатно, со рачно везени флорални детали и со потпис на модниот бренд Елена Лука, од актуелната летна колекција „Sky's Flowers“.

Комбинирано е со ултра модерни кратки шорцеви со карнери, а целината е идеална и за уличната мода во светските метрополи.

Сакото секако може да го комбинирате и во бројни други аутфити, од деловни и свечени до такви со полежерна нота, па дури и со џинс и патики.

Може да го нарачате и онлајн преку е-продавницата на Елена Лука.

 

Објавено:
19 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
954 пати
Тагови: 
must have Елена Лука