Must have: Асиметричен мини фустан за шик матурски изглед

4 март 2020

Асиметричен израз, волуменозни детали, впечатливи материјали – се тенденциите што ги водат светските дизајнери во обмислувањето на атрактивни креации за сезонава.

Модниот бренд Елена Лука сите овие тенденции ги соедини во еден совршен матурски фустан, со цел да им ја олесни потрагата на матурантките по идеален вечерен изглед.

Непретенциозен, а исклучително софистициран дизајн, впечатлив и уникатен.

Со мини должина и во црна боја, со асиметричен крој во горниот дел каде акцентот е на волуменозниот детаљ на едното рамо – овој матурски фустан е наш предлог Must have за матурантките од оваа генерација, кои сакаат да изгледаат модерно, уникатно и шик.

 

 

Објавено:
4 март 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.355 пати