Must have: Безвременската атрактивност на црните и белите фустани

8 октомври 2020

Црн или бел, независно кој модел на фустан ќе го одберете, безвремената елеганција е нивниот заеднички предзнак.

Едно меѓу базичните парчиња облека неопходни во сечиј женски гардеробер.

Листата на причини поради кои ги обожуваме овие елегантни парчиња започнува со нивниот минималистички дизајн што може лесно да се прилагоди на сечија силуета и стил, а понатаму продолжува со безбројните опции за комбинирање со остатокот од парчињата во гардероберот.

Во есенската понуда на модниот бренд Елена Лука ќе ги најдете овие атрактивни модели на црни и бели фустани, изработени од пријатни материјали, со миди должина и во крој што ја следи силуетата, со што ја потенцираат женственоста.

Актуелната сезона нуди навистина голем број на можности како овие фустани да ги комбинирате за различни прилки во вашиот стил: со елегантно сако или капут, со џемпер или спортска јакна, со чизми до глужд или до колена, а струкот дополнително може да го нагласите со ремен или пак со мини чанта што се носи околу половина, а исто така е дел од актуелната понуда на брендот.

Нарачајте онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
8 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
914 пати