Must have: Бохо фустан во земјени нијанси

19 март 2020

Како изгледаат 70-те години пресликани во актуелната мода?

Оваа декада на минатиот век со целата своја слобода, еклектичност и колорит, секогаш била предизвик за дизајнерите да ја модифицираат според современите модни текови.

Естетиката на 70-те видливо е присутна во новата пролетна колекција на Елена Лука, „Sky's Flowers", преку изборот на впечатливи дезени и комбинациите со лелеави кроеви.

Нашиот денешен избор Must have е макси бохо фустан во земјени нијанси.

Струкот е нагласен со ремен, а карнерите суптилно се распределени акцентирајќи ја романтичната нота на дизајнот.

Моделот е достапен во онлај продажба на е-продавницата на Елена Лука.

 

Објавено:
19 март 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.437 пати