Must have: Бохо фустан во златни нијанси и високи чизми

9 ноември 2020

На есента совршено ѝ прилегаат златни нијанси.

Затоа нашиот денешен предлог MUST HAVE е посветен на уникатен дизајн на фустан што на себе ги носи магичните златни тонови на есента пресликани во интересен принт.

Макси фустан во бохо стил од актуелната есенска линија на модниот бренд Елена Лука, е идеалниот избор доколку преферирате во вашиот имиџ оваа сезона да внесете женствен и романтичен шарм.

Овој модел изработен од префинет материјал, со висок шлиц и преклоп во предниот дел, прилега на сечија силуета што е дополнителна карактеристика поради која ни се допаѓа неговиот функционален дизајн.

Неговата совршеност е комплетна кога го комбинирате со популарните високи чизми (што доаѓаат во неколку различни нијанси) исто така од есенската линија на Елена Лука.

Нарачајте онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедното шопинг искуство.

Објавено:
9 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.104 пати