Must have: Чанта од бамбус со која ќе ги збогатите летните комбинации

17 јули 2019

Иако деновиве што изминаа се чинеше дека доаѓа есен, а не дека живееме во најтоплата сезона, сепак, никогаш не се откажавме од летните комбинации.

Со сите тие лежерни цветни фустани и памучни маички на куси ракави со џинс, дефинитивно најмногу соодветствува оваа впечатлива чанта од Манго за која сме сигурни дека ќе ви се допадне.

Истата е изработена од бамбус и е плетена на интересен начин, за да наликува на корпа во која е сместена мини црна чантичка од материјал во која може да сместите сè што ви е потребно за денот.

Што се однесува до рачките, можете да ја носите буквално како корпа со дрвената рачка, но и да и закачите кожено ременче и да ја носите на рамо.

Ние летово ја носиме со куси здолништа и плетени блузички, со лелеави фустани, со бела маичка и џинс со висок струк и со куси панталони на одмор.

Без разлика со што вие ќе ја комбинирате, оваа чантичка е нешто што дефинитивно треба да го имате во вашиот плакар за да изгледате супер стилски.

Ви се допаѓа ли?

Објавено:
17 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
229 пати