Must have: Црна и бела варијанта на асиметричен фустан со еден ракав

27 март 2020

Асиметричните кроеви се наметнаа како тенденција која ужива голема популарност неколку сезони наназад.

Предизвикуваат внимание, впечатливи се, па колку и да е едноставен дизајнот, асиметријата додава нота на привлечност.

Во нашиот избор за „Must have“ денеска се осврнуваме на фустани во асиметричен крој, со еден ракав, во црна и бела варијанта.

Уникатниот дизајн е на модниот бренд Елена Лука, а она што дава посебен акцент на моделот се лентите со логото на модната куќа поставени како детали во контрастна боја во однос на основата на моделот.

Урбаната естетка кај овие модели одразува свежи идеи за современо дефинирање на она што значи шик изглед.

Достапни се во онлајн продажба на е-продавницата на Елена Лука.

Објавено:
27 март 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
402 пати