Must have: Долг, топол и колоритен џемпер

1 декември 2016

Во време кога температурите паѓаат под нулата, она што единствено треба да го направите е да се подновите со топли и шик џемпери во кои ќе уживате во текот на целата зима.

Токму еден таков имаме денеска за вас, а знаеме дека истиот ќе ви се допадне од многу причини.

Прво, затоа што е неверојатно топол и удобен, второ затоа што е супер модерен и трето, затоа што можете да го комбинирате со што и да посакате.

Овој џемпер од Springfield е направен од неколку бои, претежно црна, бела и црвена, а во долниот дел е украсен со реси кој го прават уште поинтересен.

Носете го со било какви фармерки, панталони и кошулки, долги и куси фустанчиња, а за ултра студените денови и со капут одозгора.

 

Објавено:
1 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
801 пати