Must have: Дводелен пролетен сет од сако и здолниште во пастелно сина нијанса

13 март 2020

Комбинацијата која спојува две елегантни парчиња, сако и здолниште, безвременски е присутна во модниот свет, независно од тенденциите и сезоните.

Затоа за модните дизајнери и брендови секогаш е предизвик оваа комбинација која важи за класика, да ја модифицираат според своја автентична визија.

А нам дизајнерската визија за оваа комбинација на Елена Лука, особено ни се допаѓа.

Во рамките на својата нова пролетна линија „Sky's flowers", Елена Лука ни понуди богат избор на женствени комбинации, меѓу кои и овој шик дводелен сет од сако во пеплум крој и здолниште во комбинација со тантела, во пастелно сина нијанса.

Ова е комбинација која дозволува и деловен и женствен и поопуштен изглед, во зависност од тоа како и со кои модни додатоци ќе ја комбинирате.

Целосниот аутфит е достапен во продажба во ателјеата на Елена Лука, како и на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
13 март 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.378 пати