Романтичен и женствен фустан е модно парче за кое постои место во плакарот на секоја жена.
Овој модел на фустан е идеален избор за различни прилики во текот на летната сезона, па затоа е безвременски присутен независно од тенденциите.
Во нашиот денешен избор за MUST HAVE, посветуваме внимане на еден прекрасен и уникатен модел на женствен фустан од богатата понуда дизајнерски парчиња на Елена Лука.
Ова софистицирано парче во совршено дефиниран елегантен крој, е карактеристично по горниот дел изработен од впечатлива тантела, додека долниот дел е плисиран со суптилен страничен шлиц. Целината е беспрекорен летен фустан што може да го носите и во посебни прилики со високи потпетици, но и во поопуштени комбинации со ниски сандали, кломпи или патики.
Во понудата на Елена Лука е достапен во повеќе конфекциски броеви, во црна, бела и нежно розова боја.
Нарачајте го онлајн и уживајте во шопинг искуството со Елена Лука.