Must have: Единствениот корсет што ви е потребен за различни уникатни комбинации

1 септември 2020

Еден уникатен корсет и безброј стилски комбинации...

Вредно дизајнерско парче што ќе даде автентичен печат на секој ваш аутфит.

Затоа, за нашиот денешен избор за MUST HAVE ви го посочуваме овој луксузен, рачно декориран корсет од актуелната линија на модниот бренд Елена Лука.

Рачно аплицираните детали и совршено дефинираниот крој се идеална комбинација со која се става акцент на неговиот вреден дизајн.

Може да го комбинирате во широк избор на стајлинзи: со џинс или здолниште, да го носите врз кошула или под блејзер, за вечерни шик комбинации или за некоја посебна пригода, секогаш кога сакате да оставите незаменлив печат.

Нарачајте го онлајн, на е-продавницата на Елена Лука.

 

Објавено:
1 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
920 пати