Must have: Ексклузивно луксузно Елена Лука пончо што ќе ја обележи оваа зима

21 ноември 2020

Ексклузивната линија пелерини во актуелната сезонска колекција на модниот бренд Елена Лука, е толку атрактивна што апсолутно стилски ќе ја обележи оваа зима.

Меѓу нашите фаворити е и ова уникатно и луксузно пончо, изработено од материјал со богата и деликатна текстура, стилизирано со реси што го комплетираат шармантиниот впечаток.

Со оглед на неговиот авангарден дизајн, ова уникатно парче ќе му даде автентична завршница на секој аутфит и ќе го потенцира вашето чувство за естетика.

Лелеавиот крој е уште една карактеристика што го вклопува во сечиј индивидуален стил, со оглед на тоа дека лесно се прилагодува на различна телесна конституција.

Можностите за комбинирање со ова пончо се неограничени. Може да го носите и во елегантни изданија со посвечен тон и во урбани аутфити со џинс, панталони или здолништа.

Совршено!

Нарачајте го онлајн, на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
21 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
580 пати