Must have: Елегантно одело во популарната портокалова нијанса

17 јули 2020

Нијансите на портокаловата боја му носат една посебна свежина на ова лето. Една од најпопуларните летни бои во актуелната улична мода, но и во сферата на врвниот, уникатен дизајн.

Модниот бренд Елена Лука ја импламентираше најпопуларната летна нијанса во својата актуелна линија, акцентирајќи го нејзиниот женствениот шарм.

Меѓу таквите уникатни сетови, што на прв поглед ќе Ве шармира и освои, е ултра модерното дводелно одело во интензивна портокалова боја.

Блејзерот со дворедно закопчување е комбиниран со панталони во широк крој стилизриани со впечатлива лента поставена странично. Совршено функцонална целина во која ќе oставите незаменлив, стилски впечаток.

Двете уникатни парчиња може да ги комбинирате и одделно, во различни аутфити во елегантен, женствен или спортски фазон.

Нарачајте го сетот онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во шопинг искуството!

 

Објавено:
17 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
220 пати
Тагови: 
must have Елена Лука