Must have: Етно чанти како украс на секоја летна комбинација

7 јуни 2016

Светските трендсетерки ова лето одбраа да носат шик чанти со етно принтови, а токму такви имаме и ние на менито за денеска.

Истите се неверојатно впечатливи и уникатни, особено затоа што ни ги враќаат спомените на едно убаво дамнешно време.

Можете да ги комбинирате буквално со се, почнувајќи од едноставни комбинации со фармерки и лежерна маичка, па сѐ до стилски и елегантни фустани за посебни пригоди.

Речиси сите чанти со супер принт задолжителни за ова лето можете да ги најдете во Mango, а доколку сѐ уште не ја набавивте вашата омилена, сега е вистинскиот момент за тоа.

Објавено:
7 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
335 пати