Must have: Фустан со патент и качулка - идеално парче за преодниот период

19 септември 2020

Преодниот период знае понекогаш да биде неблагодарен за комбинации и избор на облека. Но, нашиот денешен избор е парче кое одлично ќе се вклопи во месеците што ни претстојат.

Се работи за фустан со миди должина на патент во предниот дел, џебови и качулка. Во задниот дел пак, е со впечатлив принт со потпис на модната куќа Елена Лука.

Фустан-варијантата на дуксер, парче кое е актуелно и во светски рамки, совршено ќе можете да го комбинирате со патики и ќе биде идеална лежерна комбинација за секојдневието.

Но, исто така, изгледа добро со сандали на ремче, со што може да биде ваш избор и за излегување.

Достапен е во две бои, црвена и црна, а за повеќе информации и нарачака, посетете ја онлајн продавницата на Елена Лука

Објавено:
19 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.137 пати