Must have: Комбинезон со живописен апстрактен принт

8 јуни 2020

Живописниот колор секогаш добро му прилега на летото, особено сега кога креативната индустрија ги користи сите свои адути да донесе позитивен дух и мисла во секојдневието.

Во модниот дизајн, ваквиот пристап, меѓу другото, вклучува и богат, инспиративен колорит.
Токму затоа нашиот денешен избор за MUST HAVE е обоен во шаренило кое инспирира, а истовремено е одраз на врвна естетика.

Се работи за отмен комбинезон од актуелната летна линија на модниот бренд Елена Лука. Идеално парче што прилега на сечија фигура, благодарение на кројот што ја истакнува половината, а ракавите се нагласени во делот на рамената и се во „ѕвонеста" форма.
Апстрактниот принт остава силен впечаток, што секако алудира на тоа дека во овој комбинезон вниманието ќе биде на вас!

Достапен е во онлајн продажба на е-продавницата на Елена Лука.

Објавено:
8 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
516 пати
Тагови: 
must have Елена Лука