Must-have: Комплет на риги совршен за лето

13 август 2020

Една од најчестите асоцијации на летото е токму принтот со риги. Доаѓа во различни варијанти и така се вклопува во актуелни трендови, а всушност добивате парче со безвременска естетика.

Токму така би можела да се опише и оваа комбинација од македонскиот моден бренд Елена Лука. Овој комплет составен од комотна маичка без ракави и панталони -килоти со широки ногавици е совршен избор за летен изглед.

Панталоните во пределот на струкот имаат мек ластик, кој освен декоративна улога, има и практична. Тој овозможува дури и да варирате со килограмите, панталоните да бидат прилагодени на вашиот изглед и да можете да ги комбинирате со што и да посакате. Кројот на горниот дел пак овозможува комфор при движењето,  што е посебно важно во топлите летни денови. За удобноста при носењето да биде уште поголема, Елена Лука ви овозможува да носите парчиња од висококвалитетни материјали.

Уште една причина зошто овој комплет е добро да го имате во својот гардеробер е тоа што можете да го комбинирате за различни пригоди. Може да биде одличен избор за работното место, доколку немате строго дефиниран дрес-код, а со соодветни модни додатоци можете да го прилагодите и за секојдневни активности или пак за вечерно излегување. Одлично оди и со елегантни сандали на ремче и со еспадрили, чевли, но и со патики.

Комплетот е достапен на онлајн продавницата на Елена Лука и тоа во две вaријанти, а во моментов можете да го најдете по специјална цена.

Уживајте во шопинг искуството!

Објавено:
13 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
412 пати