Must have: Краток кадифен фустан подготвен за забава

11 јануари 2021

Линијата на женското тело е вечна неисцрпна инспирација во сликарството, литературата и особено во модата. Тоа најдобро го знае модниот бренд Елена Лука, кој повеќе од 10 години ја слави жената и нејзината убавина.

Меѓу актуелните фустани од модната линија на Елена Лука, несомнено внимание ќе ви привлече краткиот кадифен фустан со набор. Кадифето самото по себе совршено го збогатува моделот со својата топлина и елеганција. Но, вистинската магија ја создава наборот кој во задниот дел се создава со врзување на брендирана трака. Токму наборот го истакнува струкот и ја доведува до израз убавината на женското тело.

Фустанот е достапен во безвременската црна варијанта, па во комбинација со вистинските додатоци, би бил одлично решение за да го постигнете оној изглед на лежерно дотерување. За љубителите на понежните и светли бои, фустанот е достапен и во розова варијанта, а во комбинација со високите чизми на Елена Лука со висока потпетица, добивате полн погодок.

Ова парче кое мора да го имате во својот гардеробер, ќе го најдете во новиот showroom на Елена Лука во населба Аеродром, како и на е-продавницата на брендот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

 

Објавено:
11 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
437 пати