Must have: Мини чантичка со впечатлив принт

11 јануари 2019

Иако речиси помина сезоната на празниците, сега е вистинско време да почнеме да го обновуваме нашиот плакар и да го наполниме со шик парчиња за пролетта.

Покрај облеката, вистински акцент треба да им се стави и на модните додатоци кои се исклучително важни во секоја комбинација.

Она што денеска ви го презентираме е оваа мини транспарентна чантичка која е доволна да ви ги собере основните работи за било која забава.

Во транспарентниот дел ќе најдете мини паричник, а однадвор истата е со впечатлив принт во темно црвена, бела и кафена нијанса.

Оваа чантичка е совршена и за подарок, но и за да ја носите секој ден во комбинација со некоја поголема торбичка, а можете да ја најдете во продавниците на Parfois.

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
478 пати
Тагови: 
стил тренд must have