Must have: Обетки во златна нијанса за безброј пригоди

17 октомври 2018

Доколку сте од оние кои наутро секогаш брзаат и немаат доволно време да ги одберат совршените модни додатоци, ние имаме решение за вас.

Ова се единствените обетки кои ви се потребни оваа есен и кои можете да ги носите во безброј пригоди, со безброј комбинации.

Носете ги со елегантна бела кошула и џинс, со стилска ролка, со омилениот комбинезон од тексас, со карирано фустанче, но и со сите омилени есенски џемперчиња.

Истите изгледаат одлично со собрана коса со што заштедувате време на средување, а одлични и супер впечатливи се и на куса коса.

Ако сакате нешто повеќе, истите комбинирајте ги со некое ланче или алки во слична нијанса, што исто така е супер комбинација за оваа есен.

Обетки: Parfois

Модел: Миа Симоновска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
17 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.017 пати