Must have: Очила за сонце и ретро марама!

30 март 2017

Ако оваа пролет ви треба доза свежина и нешто сосема поинакво кога се модните додатоци во прашање, тогаш марамите се вистинското решение за тоа.

Оваа топла сезона ние сакаме да ги носиме на нови начини, односно марамата која досега ја носевме на врат, пролетва ја носиме како украсна лента на главата.

Денеска ви презентираме една неодолива и шармантна марама во светла нијанса со цветни апликации по површината, комбинирана со лежерно фустанче на пруги.

Нема ништо подобро во лето од марамата на глава комбинирана со очила за сонце како во случајов, стил кој неодоливо потсетува на некои дами од старите холивудски филмови.

Оваа комбинација е совршена за долгите пролетни прошетки во слободните денови, но и за оние посебни денови кога сакате да бидете гламурозна и софистицирана дама.

Пролетва комбинирајте најразлични модели и бои на марами и играјте си со формите на очила за сонце со кои ќе оставите впечаток каде и да се појавите.

Марамата и очилата за сонце од фотографијата можете да ги најдете во продавницата на Parfois во Скопје Сити Мол.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Модел: Елена Србиноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.660 пати