Must have: Омилениот капут со пепито дезен од Елена Лука

23 ноември 2020

Секогаш кога е во прашање пепито дезенот, негуваме посебни симпатии.

Модната армија обожаватели на овој дезен е се побројна, а неговата примена во модниот свет е особено застапена овој период од годината, кога го среќаваме и во урбаната, уличната и во безвременската, класична естетика.

Како наш фаворит оваа сезона го издвојуваме елегантниот капут со пепито дезен од новата линија на модниот бренд Елена Лука.

Го посочуваме како одличен избор за Must have затоа што носи безвременски шарм, што ќе го надополни сечиј стил независно од личните модни преференции.

Во женствен крој, со опција за нагласување на струкот со ремен, овој капут со пепито дезен соодветно одговара на секоја зимска комбинација, а притоа впечатливиот изглед е неминовен.

Во нашиот предлог стајлинг го комбиниравме со хит чизмите до глужд, украсени со нитни, исто такаа од есенската линија на Елена Лука. Kако би го комбинирале Вие?

Нарачајте го онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
326 пати