Must have: Патики што мора да ги имате ова лето!

23 јуни 2016

Во екот на летото, решивме да им го посветиме сето внимание на мажите и да им предложиме неколку парчиња што се задолжителни за оваа сезона.

Бидејќи знаеме дека вашите омилени и најлежерни комбинации се лесните маички со јаки и кусите панталони, мора да имате и соодветни и впечатливи чевли за заокружување на целата комбинација.

Денеска имаме едни токму такви патики од Springfield на репертоар, а воедно истите се и едни од најлесните за комбинирање, иако имаат повеќе бои.

Токму тоа е она што ги прави посебни и уникатни, а поради тоа ќе остават и особен впечаток на секоја комбинација што ќе ја одберете.

Носете ги со вашите омилени бои и парчиња, меѓу кои и фармерки, панталони во светла боја, куси панталони и различни маички и кошулки.

Објавено:
23 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.678 пати