Must have: Раскош во смарагдно зелена боја

10 април 2020

Важно е во овие вонредни околности да го задржиме здравиот дух и убавата мисла, за откако ќе помине критичниот период да можеме со полн капацитет да го продолжиме секојдневието.

Затоа низ нашите содржни секогаш ви носиме дозирана убавина која ќе го поткрепи вашето расположение.

А модата е секогаш инспративна и возбудлива и во неа ќе ја најдеме таквата убавина, која зборува преку јазикот на уметноста.

Дизајн како уметничко дело, е нашиот избор за денешниот Must have.

Раскошен фустан со рачно дефинирани детали, во смарагдно зелена боја од нашиот моден бренд Елена Лука, е дефиниција за убавина.

Асиметричниот крој, скулптуралниот изглед и слоевитоста во дизајнот, дополнително ја потенцираат неговата грациозност.

Достапен е во продажба онлајн, на е-продавнивата на Елена Лука.

Објавено:
10 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
403 пати