Must have: Романтичен комплет во пудресто розови нијанси

24 јануари 2020

Пастелниот колорит го носиме и во зима – кога сме романтично расположени, кога сакаме да ја истакнеме нашата женственост или едноставно ги обожуваме пастелните бои.

За сите вас кои се пронаоѓате, имаме одличен предлог Must have, а го пронајдовме во секогаш инспиративната понуда на модниот бренд Елена Лука.

Овој романтичен, слоевит сет во пастелно розови нијанси, го освои нашето внимание од прва!
Комбинацијата ја сочинува шик кошула акцентирана со детали на врзување во панделка, краток топ и здолниште во А крој што одлично прилега на сечија фигура.

Овој аутфит може да одлично да функционира и како дневен и како вечерен изглед, а во секој случај ќе бидете впечатливи и перфектно стилизирани.

Целата комбинација може да ја купите на онлајн продавницата на Елена Лука или во ателјеата на брендот.

Објавено:
24 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.072 пати
Тагови: 
Елена Лука must have