Must have: Сако со флорален принт и кратки панталони со карнери

16 март 2020

Флоралните дезени се убава асоцијација за пролетта која ни е на прагот.

А таквите мотиви дизајнерите често ги користат во своите креации како артистичен израз што добива различни димензии.

Елена Лука флоралниот дезен го имплементираше како носечки во својата нова колекција за сезоната пролет-лето 2020, „Sky's flowers".

Нашиот избор за денешниот Must Have, е впечатлива, женствена комбинација од оваа колекција.
Се работи за аутфит во кој се споени уникатно сако со флорален дезен и кратки панталони со суптилни карнери.

Сетот е достапен онлај на e-shop продавнцата на Елена Лука.

Објавено:
16 март 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.251 пати