Must have: Сензуална летна комбинација во песочни тонови

13 јули 2020

Никогаш не е на одмет на вашиот летен стил да му додадете сензуален шарм. Да ја потенцирате женственоста, а притоа да го задржите чуството на пријатност и лежерност.

Како елегантен спој на едното и другото, денеска го имаме предлогот за MUST HAVE потпишан од модниот бренд Елена Лука, во кој се обединети префинетиот дизајн, изборот на софистицирани материјали и уникатниот изглед.

Комбинацијата во егзотични, песочни тонови, се состои од елегантна маичка на прерамки и „палазо" панталони со висок струк, а може да ја носите и преку ден и навечер.

Надополнета е со впечатлива алка за на рака, со што целината е комплетна и совршено складна.
Сите парчиња може да ги најдете на онлајн продавницата на Елена Лука, каде ве очекува богата лепеза на уникатни, дизајнерски производи.

Уживајте во уникатното онлај шопинг искуство.

 

Објавено:
13 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
536 пати