Must have: Шармантна комбинација во земјени нијанси

8 април 2020

Неутралната палета на бои е смирувачка, дава чувство на хармонија и поради овие карактеристики, дизајнерите често ја имплементираат во своите колекции.

Земјените тонови се присутни и додаваат дополнтелна шик нота и во актуелната колекција на Елена Лука, „Sky's Flowers".

Во префинетиот избор на комбинации, денеска ставаме акцент на сет во земјени нијанси.
Се работи за шармантна комбинација од маичка, широки макси панталони и болеро, изработени од фини и пријатни материјали.

Комплетот е достапен во онлајн продажба на онлајн продавнцата на Елена Лука.

Човековата потреба за убавина е природна и секогаш присутна, а преку нашите содржини ви ја доловуваме од сите аспекти.

 

 

Објавено:
8 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
690 пати