Must have: Сива шапка за стилски зимски комбинации

6 декември 2016

Она што денеска ви го предлагаме е воедно едно од парчињата што задолжително мора да ги имате во вашиот плакар, односно на местото каде ги чувате модните додатоци.

На нашиот денешен репертоар се најде најубавата зимска шапка во сива боја која што можете да ја комбинирате со што и да посакате.

Во случајов, ние сакаме да ја комбинираме со едноставни сиви фармерки и нежна кошулка со панделка, за самата да остави доволен впечаток во целиот стајлинг.

Покрај тоа што е исклучително модерна, оваа сива зимска шапка од Parfois е неверојатно посакувана бидејќи можете да ја носите секој ден на работа, за прошетка во парк или пак за некое излегување со пријателките.

Таа ќе ве стопли и ќе ве заштити од зимските временски услови, а знаеме дека вие ќе ја обожавате.

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
749 пати