Must have: Совршената пелерина од Елена Лука за отмени комбинации

19 ноември 2020

Некои дизајни се креирани за да го оплеменат секој изглед.

Нивната естетска моќ е во нивниот уникатен дизајнерски израз и отмена вредност.

На ова нѐ асоцираше новото ексклузивно хит модно парче од актуелната линија на Елена Лука – луксузната пелерина во црно-бела комбинација, во чиј дизајн ефективно се надополнуваат атрактивното букле и пријатната и топла чоја.

Ова е модел што може да го посочиме како безвременски и поради неговата функционалност и поради неговиот автентичен дизајн, кој совршено го надополнува сечиј дамски изглед.

Може да го комбинирате во различни варијации, односно секој аутфит може елегантно да го заокружите токму со оваа пелерина.

Облечете ја врз кошула, фустан или пак врз кожено палто – фантастичниот впечаток секако нема да изостане.

Нарачајте ја онлајн на е-продавницата на Елена Лука и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
19 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
690 пати