Must have: Совршениот фустан од Елена Лука за празничните забави

13 декември 2019

Доколку веќе размислувате во какво издание да блеснете за празничните забави што ни следуваат овој период од годината, ние имаме предлог на кој нема да може да му одолеете.

Ова е прилика кога е сосема легитимно да си го овозможите задоволството да се дотерате од глава до пети и да се појавите во своето најдобро издание.

А за да го постигнете таквиот ефект, нашиот денешен избор за Must Have е ова елегантно и екстравагантно дизајнерско парче од модниот бренд Елена Лука.

Првиот впечаток е: идеална тоалета која соодвествува на празничната атмосфера. Изработена од светкав материјал со што неизбежно ќе оставите забележителен стилски печат, во женствена линија со отворен страничен шлиц што го надополнува грациозниот изглед.

Особено ефективен е делот кај деколтето, суптилно дефинирано со транспарентна тантела.

Треба да се стави акцент и на вонвременскиот дизајн на тоалетата, затоа што независно од тенденциите и сезоните, овој модел важи за авангардна класика.

Во актуелната празнична понуда на Елена Лука, ќе најдете богат избор на уникати што ќе и додадат посебна естетика на новогодишната магија.

 

Објавено:
13 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.484 пати