Must have: Стилска чанта за беспрекорни комбинации секој ден

8 мај 2019

На секоја стилска комбинација речиси секогаш ѝ е потребна уште постилска чанта за целосно да се заокружи изгледот.

Токму таква, неодолива и стилска чанта во неколку бои ви предлагаме денеска, која иако колоритна, ќе можете да ја вметнете во многу стајлинзи.

Основата на истата е кафена, па така можете да ја носите со сите парчиња во крем и потемна кафена нијанса, но и со целосно бели, жолти или пак темно црвени парчиња.

Чантата е доволно голема за да можете да ја носите секојдневно на работа, но и совршена за специјални пригоди за каде речиси секогаш одбираме чанти во помали димензии.

Златното ременче дополнително ѝ дава стилска димензија, а истото можете и да го продолжите и да ја носите на рамо секој ден.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Чанта: Mango

 

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
740 пати