Must have: Топ 5 црно-бели комбинации со популарниот модел на фустан од Елена Лука

7 декември 2020

Црно-белите комбинации го надминаа тестот на времето и важат за безвременски во секој моден контекст.
Елегантни и естетски секогаш привлечни, важат за атрактивни независно од сезоната и актуелните тенденции, па затоа се и сигурна варијанта во секоја ситуација кога се двоумите што да облечете.

Затоа одлучивме нашиот денешен избор за Must have да го посветиме на неколку фантастични црно-бели аутфити што вклучуваат трендовски парчиња од актуелната линија на модниот бренд Елена Лука.

Направивме селекција на Топ 5 стилски целини во кои на различни начини е комбиниран еден модел на фустан. Се работи за едно од најпопуларните парчиња од актуелната линија, шармантен фустан со памучен горен дел по долги ракави и со карнер изработен од еко-кожа во долниот дел.

Овој модел е достапен во две варијанти, монохроматска црна и комбинација на црна и бела. Во нашите 5 ултра стилски аутфити, комбинирани се со кратко палто со пепито дезен, со елегантен капут на врзување со истиот дезен и со кожена јакна...

Која и опција да ја одберете, впечатокот е неодолив!

Нарачајте онлајн или посетете го новиот showroom во Аеродром, на улица „Фрањо Клуз" бр.6 и уживајте во безбедниот шопинг.

Објавено:
7 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
894 пати