Must have: Топ на преклоп со кимоно ракави + елегантни панталони во нежно розова нијанса

19 мај 2020

Летото е идеална сезона за лелеави кроеви во кои ќе ја чувствуваме и уживаме слободата на движењето.
Ракавите во кимоно стил како детаљ совршено се вклопуваат во таквата стилска слика на претстојното лето, па затоа нашиот денешен избор за „Must have" се осврнува на шик сет во кој акцентот е токму на широките ракави.

Дизајнерската комбинација што ја потпишува модниот бренд Елена Лука се состои од топ на преклоп со ракави во кимоно стил, во комбинација со елегантни панталони со интересен детаљ на врзување во делот кај ногавиците, што на целината ѝ дава дополнителен стилски печат.

Нежно розовата нијанса го надополнува елегантниот впечаток, а притоа лесно се комбинира и со модните додатоци што ќе бидат тенденција оваа сезона.

Сетот е достапен во онлајн продажба на е-продавницата на Елена Лука, каде ве очекува богат избор на уникатни дизајнерски комбинации.

Објавено:
19 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
302 пати