Must have: Тренди бел фустан со карнери што одговара на сечија силуета

10 август 2020

Бел фустан во крој што прилега на сечија силуета, секогаш е безвременски избор!

Овој уникатен модел од летната линија на нашиот моден бренд Елена Лука е идеален избор за сите дами кои преферираат романтична естетика и класика која нема време на траење.

Изработен од префинет материјал, со релјефна структура, стилизиран со впечатливи карнери што важат за една од најактуелните тенденции, ова е фустанот што ѝ дава посебен стилски печат на оваа сезона!
Може да го комбинирате во бројни варијанти, што е дополнителна карактеристка поради која го обожуваме. Со патики или ниски сандали преку ден, а со високи потпетици навечер. Додадете сламен шешир и мини чанта и го имате совршениот летен стајлинг.

Достапен е во онлајн продажба, на е-продавницата на модниот бренд Елена Лука.

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
257 пати
Тагови: 
Елена Лука must have