Must have: Тренди летен сет - кратки панталони и блејзер со карнери

29 јуни 2020

Ако барате идеален летен сет, што истовремно ќе биде и ултра тренди и максимално удобен и функционален, тогаш за Вас го имаме совршениот предлог.

Модниот бренд Елена Лука во својата актуелна летна женствена колекција „Sky's Flowers" дизајнираше шик дводелен сет што го сочинуваат кратки панталони и блејзер со впечатливи канери.

Комплетот е изработен од лен, што е еден од омилените летни материјали на дизајнерите, затоа што е практичен, дозволува лесна циркулација на воздухот, а со тоа и максимално удобен, особено кога ќе се земат предвид високите летни температури.

Оваа комбинација е идеален спој и како дневна и како вечерна варијанта, а може да ја комбинирате и со патики и со сандали на ниска или висока потпетица.

Резултатот секако е впечатлив и модерен изглед.

Комплетот може да го најдете во онлајн продажба, на е-продавницата на Елена Лука.

 

Објавено:
29 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
503 пати
Тагови: 
Елена Лука must have